Според  официјалните резултати кои беа објавени од државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа на 1. јуни на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје,  учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ постигнаа одлични резултати. Имено, ученичката Ива Бухова под менторство на наставничката Билјана Ромевски освои 91 поен, со што го обезбеди второто место на државниот натпревар. Солиден резултат постигна и ученичката Ева Симоновска под менторство на наставничката Марија Петкова која освои 85 поени, заземајќи го третото место на овој престижен натпревар.

 

Под менторство на наставничката Марија Танеска пофалници и респектабилен пласман обезбедија и шестоодделенките Ксенија Дабеска и Мила Кацкаровска. Со пофалници на истиот натпревар се закитија и Исидора Фидановска и Бисера Матоска. Учениците и нивните ментори со високо постигнатите резултати достоинствено го претставија своето училиште и општина Карпош, пред очите на академската јавност.