ВО ТЕК Е ЕСЕНСКОТО ЗАЗЕЛЕНУВАЊЕ ВО КАРПОШ
- октомври 16, 2025
- 0
Во тек е акцијата за есенско зазеленување во Карпош, кое е во организација на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при локалната самоуправа. Во рамки на еко акцијата, набавени се 160 високо стеблести автохтони и алохтони дрвја, од типот горски јавор, црвен јавор, ликвидамбар, црвена слива, албиција и јасен, кои ќе бидат засадени на територија на општината и на тој начин ќе се изврши ревегетација на парковите, односно старите и исушени дрвја, ќе се заменат со нови. За оваа намена, од општинскиот буџет издвоени се 700.000 денари.
Имено, Општината одвои средства од 1.200.000 денари и за набавка на повеќе видови ниско жбунести и ниско стеблести растенија кои ќе бидат за обновување на зелената површина на дел од локациите низ Карпош кадешто локалната самоуправа веќе има поставено системи за наводнување. Хортикултурно ќе се уредат и жардењерите и во Порта Влае како и на многу други локации низ Карпош, затоа што тоа е еден од главните фактори за постигнување на здрава и чиста животна средина.