ВО НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА – ПОБЕЗБЕДЕН ПРИСТАП ДО ШКОЛИТЕ
- август 27, 2019
- 0
На една недела пред почетокот на новата учебна година, Општина Карпош интензивно се подготвува да се обезбедат подобри услови за учениците, за следење на наставата и за нивен безбеден пристап до училиштата.
Имено, во текот на целата учебна година, во сите десет основни училишта, ќе има посебно овластени лица, кои секое утро додека трае сообраќајниот метеж ќе ги пречекуваат учениците и ќе се грижат за нивен безбеден пристап до школото. Станува збор за овластени лица од административно – техничкиот персонал на училиштата.
Дополнително, ќе започне поставување на нови „легнати полицајци“ пред училиштата: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“ и „Братство“.
Веќе се одвиваат и поголем број на инфраструктурни активности низ повеќе образовни установи:
Ø „Владо Тасевски“ – реконструкција на покрив и под од спортската сала;
Ø „Јан Амос Коменски“ – санација на дел од површината од покривот;
Ø „Братство“ – обнова на покрив и замена на прозорци;
Ø Во „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ ќе се реконструираат сите тоалети, а во „Димо Хаџи Димов“ ќе се санираат тоалетите во склоп на спортската сала.
Ø „Вера Циривири – Трена“ – санација на покрив и промена на прозори, додека во „Христијан Тодоровски Карпош“ веќе се реконструираат неколку училници.
Исто така, на септемвриската седница на Советот, пред советниците ќе бидат ставени предлог одлуки за објавување на огласи за доделување на стипендии на талентирани ученици и спортисти, со цел да се мотивираат учениците, за постигнување на уште подобри резултати во новата учебна година.
Локалната самоуправа продолжува да работи на унапредување на условите во основното образование, мотивирање на учениците, како и унапредување на вонучилишните активности.