Општина Карпош го подготвува Буџетот за 2020 година. Со цел да се овозможи поголема партиципативност, вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, поставен е посебен банер на веб страната кој води до анкетен прашалник  (линк: https://bit.ly/37QlkQH ).

Со резултатите кои ќе ги сумира од анкетниот прашалник,  локалната самоуправа ќе дојде до егзактни податоци за реалните проблеми и потреби на граѓаните (селектирани по населби).  Со помош на овие показатели, Општината ќе формира приоритети, според кои ќе го проектира Буџетот за 2020 година.

 

Одговорите од граѓаните ќе бидат разгледани и анализирани во рамки на соодветните сектори на општина Карпош. Притоа, сите реално остварливи предлози и идеи според можностите на Општината, ќе бидат интегрирани во буџетските програми.

 

За таа намена, локалната самоуправа спроведе и теренска анкета, која дополнително овозможува детектирање на проблемите на микро ниво, со која се мери задоволството од одредени проекти и дава јасна претстава за насоката во која се движи Карпош. Оваа анкета ќе биде презентирана во претстојниот период.

 

Општина Карпош ги повикува сите граѓани да се вклучат во креирање на Буџетот за 2020 година, со цел да создадеме документ кој ќе ги отсликува потребите на сите чинители во заедницата.