Во рамки на Програмата на Секторот за комунални и градежни работи, во делот на градежните активности, населбата Влае 1 доби ново фудбалско игралиште.  Во изведба на градежната фирма ,,Мастев ДООЕЛ Скопје”, а во висина од 2.977.908 денари, целосно се реконструираше фудбалското игралиште со вештачка трева и нови голови. На спортското игралиште поставена е и заштитна ограда. Ова е едно од трите фудбалски игралишта, покрај оние во населбите Нерези и Карпош 4, кои беа пуштени во употреба  во изминатиот период.