ВЛАДИМИР ГРЧЕВ, УЧЕНИКОТ КОЈ ОСВОИ 100 ПОЕНИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА
- мај 5, 2025
- 0
Само неколку недели подоцна од освоеното прво место на Државниот натпревар по информатика, основецот од ООУ,,Братство” Владимир Грчев од 9-то одделение, освојува 100 поени на Државниот натпревар по математика за основни училишта, од 4-то до 9-то одделение. Тој е меѓу четворицата најдобри математичари од вкупно 59 пријавени ученици. Натпреварот се одржа минатиот викенд на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ). Неговата посветена работа и трудољубивост, го доведе до врвот на најдобрите математичари на ниво на целата држава.
Почнувајќи со информатички и математички натпреварувања уште од мал, тој е освојувач на медали и дипломи/пофалници на училишни, регионални и државни натпреварувања. Неговиот ментор Петре Крстевски, кој е предметен наставник по математика во ООУ,,Братство”, му беше целосна поддршка на Владимир овој викенд, каде што ги освојува 100-те поени.
По целосната селекција од четирите 100-ки, најдобрите математичари ќе ја добијат шансата како заслужна награда, да учествуваат на математичката Олимпијада, која ќе се одржи кон крајот на мај.