„ВИЗА“ ЗА НОВИ ФАСАДИ ВО КАРПОШ
- февруари 9, 2016
- 0
Во Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи разубавувањето и реконструкција на старите и руинирани фасади на згради на територијата на оваа локална самоуправа. За ова гласаа советниците со усвојувањето на последната точка од дневниот ред, со што дадоа ,, виза’’ за реконструкција на нови фасади во Карпош.
На денешната четириесет и петта седница на Советот на Општина Карпош со која претседаваше претседателот Сашо Лазаровски, советниците дискутираа и усвоија дваесет и девет точки кои беа предложени на дневен ред.
Предлог- Заклучоците за усвојување на извештаите на активностите на Општина Карпош за изминатата 2015 година, во областа на образованието, детска, здравствена и социјална заштита, културата и спортот, како и во областа на информатичката технологија, уредувањето на градежното земјиште и во областа за еднакви можности меѓу мажите и жените беа консензуално изгласани. Со одобрувањето на Предлог- одлуката за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје за проектирање и асфалтирање на улица 6 во село Бардовци, советниците на Општината го одобрија натамошното инфраструктурно реконструирање во овој дел на Карпош. За опожарена куќа советниците одобрија финансиски средства со која делумно ќе се компензира настанатата штета, а на денешната седница на Советот, исто така, беше одобрена финансиска поддршка и за ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’.