По повод месецот на женското здравје, ве известуваме дека и во месец ноември средствата за бесплатни ехо прегледи се уште не се исцрпени. Упатуваме апел до младата женска популација да ја искористат можноста која ја нуди овој проект и да направат превентивни ехо прегледи на дојка.

Овој проект се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2025 година на Општина Карпош, како проектна активност за превенција и поддршка на женското здравје во соработка со приватната здравствена установа „Св. Алексеј“ која се наоѓа во Поликлиника Букурешт во Карпош 3. Овие бесплатни ехо прегледи на дојки се наменети за девојки од 20 до 30 годишна возраст и за истите локалната самоуправа издвои 200.000 денари.