За поголема безбедност во сообраќајот Општина Карпош започна акција за повторно бележење на пешачките премини пред сите основни училишта и детски градинки кои се наоѓаат на нејзина територија. Денеска комуналните екипи ја обновија сообраќајната сигнализација пред основното училиште „Братство“, детската градинка „Мајски Цвет“ и пред гимназијата „Нова“ во населбата Тафталиџе 1. Општината сака да го зголеми нивото на безбедност во сообраќајот особено околу воспитно – образовните институции. Притоа, Општина Карпош апелира и до лицата кои управуваат со моторни возила, да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат пропишаните правила за учество во сообраќајот.