АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА КАЈ СЦ БОРИС ТРАЈКОВСКИ
- јануари 15, 2026
- 0
Општинските служби задолжени за хигиената на јавниот простор во текот на вчерашниот ден започнаа со расчистување на мини депонијата која се наоѓа во близина на СЦ Борис Трајковски. Оваа мини депонија веќе некој период несовесно се полни со шут и друг отпад и имаше тенденција да прерасне во сериозен извор на загадување, па оттука општината интервенираше и спроведува акција за нејзино расчистување, како и поставување на заштитна рампа која би спречила повторно депонирање на отпад. Воедно, инспекторатот од Општина Карпош будно ќе следи и превенира случаи на несовесно фрлање на отпад и истите ќе ги казнува согласно своите надлежности и законски прописи на целата територија на Општина Карпош.









