ПОСТАВЕНО ПРВОТО „СОЛАРНО ДРВО“ ВО КАРПОШ
- септември 17, 2019
- 0
На кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „ Алпинистичката карпа“, е поставено првото „соларно дрво“ во Карпош. Станува збор за инсталација преку која, со обновлива енергија, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти, односно своите мобилни телефони, лаптопи, таблети и електрични тротинети.
Оваа инвестија Општина Карпош ја овозможи преку Германското здружение за меѓународна соработка ( GIZ) . Како што нагласи раководителот на Одделението за енергетска ефикасност Љупчо Димов, ова е прво поставено „сончево дрво“ на територијата на нашата земја. Во иднина, се планира и поставување на бесплатна интернет мрежа на оваа локација.
Во рамки на проектот финансиран од Германското здружение, локалната самоуправа се стекна и со шест електрични тротинети, кои ќе бидат користени од општинската администрација како превозни средства за тековните потреби.
Општина Карпош постојано инвестира во проекти кои се од суштинско значење за заштита на животната средина, а грижата за околината е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.