Во организација на Македонската спортско – качувачка федерација во соработка со Општина Карпош, денеска на вештачката карпа во Карпош 4 се одржа десеттото Балканското и Државно првенство во спортско качување „Атомска мравка“ за млади под 14 години.

 

Во рамки на овој традиционален настан кој се реализираше по двегодишна пауза поради ковид пандемијата, учествуваа околу 200 качувачи од земјава и регионов. Притоа, младите спортски ентузијасти се натпреваруваа во четири возрасни категории, од кои во првата учествуваа дечињата до седум години, во втората од осум до девет години, третата категорија ја сочинуваа спортисти од 10 до 11 годишна возраст, а во последната категорија се натпреваруваа качувачи на возраст од 12 и 13 години.

 

Инаку, станува збор за олимписки спорт кој е во подем  во нашата земја за што говори  и големиот број на учесници од нашата држава, кои покажаа одлична физичка и психичка подготвеност при искачување на карпата.