Основно училиште „Јан Амос Коменски„

Училиште: Јан Амос Коменски
Урбана заедница: Тафталиџе 1
Адреса: ул „Варшавска“ бр.23
Телефон: 02/30 64 645, 30 78 899
E-mail: oujak@yahoo.com
Веб страна: http://ooujanamoskomenski.edu.mk/
Директор: Маја Старова (контакт 078/ 274 – 167 ) majastarova@yahoo.com
Кратка биографија: Основното училиште „Јан Амос Коменски“ – Скопје е сместено на ул „Варшавска“ бр.23 во населбата Тафталиџе 1. Изградено е по земјотресот во 1963 година како подарок од Чехословачка, а со работа започнува во април 1964 година. Од учебната 2008/2009 година учениците учат во нова, модерна, по европски стандарди изградена училишна зграда.

Реонот на Општинското основно училиште „Јан Амос Коменски“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 1 што се простира на исток до ул „8 Септември“, на југ до ул„Теодосије Гологанов“, на север до бул „Партизански Одреди“ и на запад до ул „Московска“.

Вкупната квадратура на училиштето изнесува 5105 м2 и дворно место од 24680 м2. Училиштето располага со фискултурна сала и со игралиште во училишниот двор.

Во училиштето учат 730 ученици во 29 паралелки. Во училиштето се вработени 68 лица. Наставата се одвива на македонски наставен јазик и училиштето организира продолжен престој за учениците кои учат во него.

Училиштето е збратимено со ОУ „Станислав Сремчевиќ“ – Крагуевац (Р.Србија)

Збратимено е со ООУ „Сабедин Бајрами“ од с.Камењање, општина Боговиње

 

Патронен празник: 28 Март
Facebook