ЈАКИМОВСКИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МЕЃУНАРОДНИОТ ПРОЕКТ ЕРАЗМУС +
- февруари 17, 2025
- 0
Во рамки на Еразмус + проектот „Rebirth after Destruction – Phoenixes“, во ООУ „Петар Поп Арсов“ – Карпош се реализира мобилност со учество на наставници и ученици од Турција, Романија и Италија. Проектот има за цел да поддржи ученици, наставници и заедници погодени од кризни ситуации преку зајакнување на психолошката отпорност, емоционалната благосостојба, креативните методи за обнова и интеркултурната соработка.
Во рамки на нивниот престој, делегацијата денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, каде воедно се запознаа и со работата на локалната самоуправа, тековните проекти и нејзината заложба за поддршка на образованието. Гостите ги презентираа целите на проектот и разговараа за значењето на меѓународната соработка во градењето на поотпорни и инклузивни образовни заедници. Во таа насока, Општина Карпош и понатаму останува посветена на поддршката на ваквите иницијативи, кои ги зајакнуваат образовните врски, културната размена и меѓународната соработка, на тој начин придонесувајќи кон подобра иднина за младите.