До април во Карпош целосно ќе бидат променети уличните светилки со ново лед осветлување. До сега се променети 1170 светилки, а на местата каде што веќе е монтирано новото лед осветлување карпошани можат да се уверат каков подобар квалитет добиваат со заштедите што ги направивме во изминатиот период, соопшти градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

– Сакам да изразам благодарност до граѓаните на Карпош за разбирањето и трпението што го имаа во изминатиов период, затоа што штедевме на осветлувањето и заштедивме средства со кои што овие денови успеавме да промениме 1170 светилки со лед осветлување согласно тендерот што го направивме за ново осветлување. За новото осветлување даваме околу 84 милиони денари. По новогодишните празници продолжуваме со промената на светилките низ општината и поставување на новата автоматика кое ќе трае некаде до април. Осветлувањето ќе работи на повеќе режими каде што ќе имаме дополнителна можност за заштеда но во исто време граѓаните можат да се уверат на тие места каде што веќе се поставени колку е подобрено осветлувањето и каков подобар квалитет добиваат граѓаните со ова ново осветлување, а во исто време колкав бенефит ќе имаат граѓаните на Карпош со заштедите што ги направивме, рече градоначалникот Јакимовски.