ЈАКИМОВСКИ: БАТКОТО НА ДРИН АХМЕТИ ВЧЕРА САКАШЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ИНЦИДЕНТ СЛИЧЕН НА „ШАМАРИТЕ ВО ЦЕНТАР“
- јули 6, 2023
- 0
Очигледно Христијан Мицкоски многу го пече прашањето за хидроцентралите, а прашањето е многу едноставно, само да каже на колку години ја направил првата хидроцентрала. Ако каже, ќе видите дека му е батко на Дрин Ахмети, дека не е многу постар од него, истакна градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на денешната конференција за новинари на која го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за најодговорен за вчерашните случувања за време на седницата на Советот на општина Карпош.Христијан Мицкоски место да организира протести пред владата на Р. Македонија, тој организира протести кај опозицијата и тоа за измислен проблем. За улица која што ја проектирал Коце Трајановски, ја потврдил Миле Јанакиевски да го обвинуваат Стевчо Јакимовски, рече градоначалникот. Јакимовски истакна дека планот е направен на најдемократски начин, согласно ГУП-от, а точките од дневниот ред беа повлечени за да се избегнат евентуални физички пресметки по сценарио слично на „шамарите во Центар“. -Како наводно јас ќе направам улица со која што ќе го срушам шеталиштето кое што јас сум го направил ќе ја срушам фонтаната која што јас сум ја направил ќе ги срушам дрворедите, клупите и се останато кое јас сум го направил. А вистината е дека тоа се улици направени согласно ГУП и ние само ги преземаме од ГУП-от. Сите барања на граѓаните беа испочитувани и викнати на повторен состанок дали е тоа така како што тие барале. Значи планот е направен на најдемократски начин. Јас вчера ги повлеков сите точки од дневен ред со една единствена цел, затоа што бев известен дека веќе наша колешка два пати била удрена.
Како искусен политичар сакав да го избегнам ова сценарио кое што беше многу слично со „шамарите во Центар“, но таму нивните членови беа надвор, а тука, нивните членови и со заведени граѓани беа внатре и можеше да настане општ хаос кој што многу ќе не потсетуваше на 27 април. Сакајќи да избегнам евентуални физички пресметки каде потоа ќе имаме истраги, притвори и така натаму… , да го заштитам и дигнитетот на општината, и угледот на општината, како и тие граѓани кои дошле и советниците и вработените, јас ги повлеков точките од дневен ред, со цел да се смири целата ситуација и во исто време сакам да порачам дека граѓаните на општина Карпош и понатаму имаат доверба во своето раководство и ние работиме само за нивниот интерес и ништо повеќе, истакна градоначалникот Јакимовски.