ЈАВНАТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО КАРПОШ ВО МИРНА АТСМОФЕРА, НЕ ПОМИНА ОБИДОТ ЗА НАСИЛСТВО НА ВМРО – ДПМНЕ
- август 20, 2021
- 0
Јавната презентација за Нацрт ДУП – от за Градска четврт 3 04, блок 5, помина во мирна и демократска атмсофера. Стручните служби на општина Карпош, од Секторот за урбанизам и планерите, на детален и едноставен начин објаснија дека посочениот Нацрт ДУП не предвидува никакво уривање на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Исто така, планерката посочи дека овој ДУП, во рамки на блокот, воопшто не предвидува изградба на згради – објекти за домување.
На овој начин целосно беа демантирани лажните вести кои изминативе две недели ги пласираше опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
Денеска, секој граѓанин можеше да поднесе и анкетен лист, со свои забелешки и сугестии за ДУП-от, а оваа можност останува отворена до 06.09.2021 година.
Не помина обидот на ВМРО – ДПМНЕ за спречување на јавната презентација, иако два дена последователно го „хранеа“ своето членство и ги лажеа граѓаните дека е планирано уривање на спортскиот комплекс.
Општина Карпош денеска манифестираше вистинско вклучување на јавноста во носењето на урбанистичките планови, со почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19. Организирано и со стручност и целосна транспарентност на службите од Секторот за урбанизам, Општината покажа дека ништо не се затскрива.
Ниту граѓаните на Карпош, ни граѓанските организации и медиумите не подлегнаа на претходно вештачки креираната тензија и партиските лаги. Како најтранспарентна институција во државата, Општина Карпош продолжува со проактивната комуникација со сите јавности.