Почитувани,

Како резултат на пандемијата со коронавирус и воведениот полициски час, Општина Карпош објавува ЈАВЕН ПОВИК И ПРИЈАВА за online работа и достава на продукти од храна од маркети, ресторани, производи од аптеки  и слично на територија на Општина Карпош.

 

Работното тело за координација на состојбата со коронавирус во Општина Карпош, Кризниот го донесе следниот заклучок:

 

– Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети и аптеки, достава на храна од ресторани и слично се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во Општина Карпош за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.

 

Во прилог е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти најдоцна до четврток 09.04.2020 година (четврток) до 11:00 часот.

 

Пополнетата пријава да се испрати на kontakt@karpos.gov.mk .

Прилог ПРИЈАВА —>  Преземи на овој линк