ЈАВЕН ПОВИК за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Карпош
- јануари 13, 2025
- 0
Општина Карпош започнува со проектот “Субвенционирање на млади лица за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија кај млади лица од Општина Карпош”. Со цел спроведување на оваа активност која е дел од Програмата на Секторот за развој за 2025 година, потребно е општината да изврши избор на авто школи преку кои младите лица ќе може да добијат обука за теоретскиот и практичниот дел за возачки испит за Б категорија.
- Право на пријавување
Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани во дејноста која ја опфаќа деноста на овој јавен повик.
- II. Критериуми за учество на авто школа
- Документ за регистрирана дејност
- Авто школата да има лиценца за работа за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија
- Авто школите да имаат најмалку 5 (пет) возила во своја сопственост или на располагање и истите да бидат за оспособување на кандидатите за Б категорија.
- Да има најмалку 5 (пет) реномирани возачи – инструктори со лиценца за оспособување на кандидати за возачи за Б категорија, вработени во авто школата или на располагање.
- Авто школите да имаат на располагање канцеларија за прием на кандидати, како и училница за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства според Закон, но не подалеку од 3км од седиштето на Општина Карпош ул. Радика бр.9, 1000 Скопје.
III. Критериуми за избор на авто школа
- За најповолни понуди ќе бидат избрани понудите на авто школите ќе понудат минимална цена за обука утврдена во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.
- Секоја понуда која ќе содржи цена различна од минималната цена согласно утврдените минимални пресметани елементи ќе се отфрли како неприфатлива.
- IV. Потребна документација
- Понудата треба да содржи: назив и седиште на фирмата, даночен број, одговорно лице, контакт телефон, е-пошта, сметка и депонентна банка и точно назачување на понудениот износ, согласно Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во авто школа за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно утврдените минималните пресметани елементи на вредност прикажани како:
теоретски дел + практичен дел = цена + ДДВ = цена на обука со ДДВ. |
- Доколку понудувачот не е ДДВ обврзник истиот треба да достави документ од УЈП како доказ.
- Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар за дејноста поврзана со предметот на овој јавен оглас.
- Тековна состојба издадена од Централен регистар на РСМ.
- Копија од лиценца за работа за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија.
- Да се достави копија од сообраќајна дозвола или договор за располагање со возила за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија во прилог со копија од сообраќајна за истите .
- Копии од лиценци за инструктори со листа од АВРСМ за вработени во авто школата или договор (се прифаќа и изјава потпишана од одговорно лице) за отстапување на инструкторите со копии од лиценци за инструктори за истите.
- Да имаат на располагање канцеларија за прием, како и училница за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства според Закон која работи не помалку од (1) година од денот на објавување на овој повик (приложување на договор за закуп или седиште/подружница внесена во тековна состојба).
- Канцелатијата за прием на кандидати и училницата за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства да биде на растојание по патна инфраструктура не подалеку од 3км од седиштето на Општина Карпош ул. Радика бр.9,1000 Скопје.
- IV. Начин на поднесување на понуди
- Понудите за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Карпош се доставуваат најдоцна до 24.01.2025 година преку пошта на адреса: ул.„Радика“ бр.9 – Скопје, или во Архивата на Општина Карпош барака 2, најдоцна до 12,00 часот.
- Понудите со сите пропратни документи треба да бидат затворени во плик со назнака: “НЕ ОТВАРАЈ “, “за Комисија за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Карпош “
- V. Рок на поднесување на документите
Огласот трае десет (10) работни дена од денот на објавување, односно до 24.01.2025 година. Јавното отварањето на понудите ќе се одржи на 24.01.2025 година во 12 часот на ул. Радика бр.9, барака 1, мала сала .