ЈАВЕН ОГЛАС за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување на нови велосипеди и електрични тротинети

 

Општина Карпош од 03.02.2020 (понеделник) започнува со спроведување на акцијата со која ќе се субвенционира 30 % од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари и купување на електричен тротинет најмногу 30 % од цената најмногу до 5.000 денари .  Право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 03.02.2020  година (понеделник). Потребни документи за субвенционирање на велосипеди се:

 

– Лична карта (фотокопија)

 

– Трансакциска сметка, (фотокопија)

 

– Фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет, кој е купен не порано од 03.02.2020 година (понеделник).

 

– Жителите кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства по истата од Град Скопје, немаат право да учетвуваат по огласот.

 

 

Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош. По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед и електричен тротинет. Оваа акција ќе трае до исцрпување на средствата, а ќе важи принципот „ прв дојден, прв услужен“.

 

Исплатата на средствата ќе се изврши по завршувањето на изборниот процес.

 

Правото на субвенција е еднократно.

 

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот Марко Петрушевски

 

Телефон за контакт: 078/486-063

Facebook
Големина на фонт