ШАМПИОНСКИ МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ ОД „ ИПОН“ КЛУБОТ ОД КАРПОШ
- март 10, 2020
- 0
Во Прилеп, изминатиот викенд ( 08 и 09 март), се одржа Државното првенство за пионери и пионерки , како и Државното првенство за сениори и сениорки во џудо. Сениорите на џудо клубот „Ипон“ се закитија со бројни медали на овогодинешното првенство.
Победничка во категоријата до 52 кг., е Арбреша Реџепи, додека шампионка во категорија до 57 кг. е Берна Шерифовска. Воедно и Амра Фејзула во категоријата до 70 килограми е првопласирана на Државното првенство -2020 година. На втората позиција се пласираа Елена Попоска во категорија до 63 кг, и Румејса Фејзула до 70 килограми. Кај сениорите најдобар е Резарт Хусени во категоријата до 66 килограми, додека до 81 килограми е најдобар Еди Шерифовски. Во категоријата до 90 кг, првенец е Артан Рушити.
Кај пионерите, Фисник Фејзулау го освои второто место во категоријата до 55 килограми, додека трето пласирани беа Блерим Салиу до 38 кг, Ерди Зекири до 42 кг, како и Анди Ахмети во категорија до 55 кг.
Џудо клубот „Ипон“ од Карпош и во иднина ќе вложува во спортскиот развој на своите џудисти, се со цел и во иднина да се постигнуваат шампионски резултати, како на домашно државно ниво, така и на меѓународните натпреварувања.