ЧИСТЕЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ И ПЕШАЧКИТЕ ЗОНИ ОД СНЕГ
- јануари 11, 2019
- 0
Општина Карпош веќе трети ден го чисти снегот од пофреквентните места и од прометните улици кои се под надлежност на локалната самоуправа.
Комуналните служби – хигиеничарите денеска главно работеа на расчистување на попрометните пешачки зони, пред Детската болница – Козле како и низ Нерези, Тафталиџе, Владо Тасевски (кај т.н. Млечен) и другите населби.
Утринава беа фрлени четири тона сол, додека во текот на вчерашниот ден беа фрлени 42 тона на сол низ Карпош.
Локалната самоуправа ги следи состојбите на терен и навремено реагира, со цел да се овозможи безбедно движење за граѓаните и сите учесници во сообраќајот.