Во пресрет на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, комуналните служби на општина Карпош ја чистеа околината и спомен – обележјата на борците од Народноослободителната борба  (НОБ).

 

Утринава се чистеше во околината на двата споменици, подигнати во чест  на народниот херој Кузман Јосифовски – Питу, во населбата Козле. Исто така, беше исчистен делот во должина на булеварот „Илинден“, кај споменикот на Првиот скопски партизански одред.

 

Локалната самоуправа во повеќе наврати ги чествува значајните историски датуми од овој период. Моментите на ослободувањето на македонскиот народ и борбата против фашизмот се светли делови од нашата историја и секогаш кон истите треба да се однесуваме со пиетет и гордост.

 

Општина Карпош на сите граѓани им посакува среќен 11. Октомври!