ЧЕТИРИНАЕСЕТ НОВИ КЛУПИ ПОСТАВЕНИ НИЗ КАРПОШ
- ноември 1, 2026
- 0
На претходно мапирани и утврдени локации, низ територијата на општина Карпош, беа поставени 14 нови клупи за седење. Имено, новата урбана опрема беше поставена во дворот на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ – (Партизан), потоа во рамки на училишниот двор во ООУ „Владо Тасевски, на булеварот „Партизански одреди“ бр. 129, како и на улиците „Јуриј Гагарин “ бр. 57, „Воденска“, „ Бранислав Нушиќ“ и “„Рузвелтова“ бр. 59.
Општина Карпош, со несмален интентизет продолжува да ја реновира и реконструира постојната урбана опрема. Онаму каде што има потреба, исто така, на барање на граѓаните, локалната самоуправа поставува и нови урбани елементи (клупи за седење и корпи за отпадоци), со го подигнува и квалитетот на урбаното живеење во општината.





















