Комуналните служби на Општина Карпош започнаа со четврта дезинфекција на влезовите од зградите, во кои живеат повеќе од осум домаќинства.

 

Се дезинфицираат влезните врати и делови од зградите, сандачињата, гелендерот и лифтовите со посебно средства за дезинфекција на јавни површини.

 

Оваа активност на локалната самоуправа претставува дополнителна поддршка за заедниците на сопственици, куќни совети, во ек на пандемијатата на коронавирусот.

 

Исто така, ги повикуваме сите куќни совети да продолжат и со тековното чистење и дезинфекција на влезовите.

 

Сите сме одговорни за јавното здравје.