По повод  одбележувањето на Светскиот ден на планетата т.н. „ Час на планетата Земја“, во  училишните простории на ООУ „ Петар  Поп Арсов“ се одржа креативна работнилница во соработка со ЗГ „Центар за климатски промени“ и друштвото  „Елколект“. Учениците од прво до трето, и од седмо  до деветто одделение , изработуваа „ соларни печки“,  глобус, хранилки за птици, ветерен парк.

Целта на оваа работна акција е  во пресрет на Светскиот ден на планетата Земја да се  подигне свеста кај луѓето, симболично да се запали „црвена сијаличка“, односно аларм за спас на нашата планета, особено кај повозрасните, за потребата од поголема грижа и заштита на единствената планета на која живееме.

 

Сите  рачни изработки,  креативни предмети,  кои  денеска ќе бидат изработени од учениците, од петок наутрo, па до недела вечер, ќе бидат изложени во трговскиот центар „ Сити Мол“, на почетокот на влезот.

 Основците се надеваат дека со оваа нивна креативна акција, ќе придонесат за подигнување на свеста за потребата од поголема заштита на животната околина и кај своите врсници, како и кај повозрасните сограѓани.