Вчера , 18. септември 2019 ( среда), во попладневните часови, избувна пожар во атарот на населеното место Бардовци. Противпожарната заштита на Град Скопје, веднаш реагираше  и го изгасна пожарот. Единицата за заштита и спасување при Општина Карпош со  вкупно петнаесетмина вработени излегоа на   терен  и ги догаснуваа т.н жаришта кои можеа повторно да се појават поради силниот ветер.  Сторителот, односно изворот на пожарот не е познат, и за тоа  испитува полиција.

 

Општина Карпош, почнувајќи од 02.септември , има отворено дежурна линија  078- 257-640, на која граѓаните на Карпош, секој ден , заклучно до 23:30 часот, можат да се јавуваат и да пријавуваат локации од каде што доаѓа чад, запален оган, или пак непријатна миризба. Локалната самоуправа со стратегиски план, во пресрет на есенските и зимските месеци во кои најмногу се чувствува загадувањето, ќе работи на превенција од загадување, и експедитивно реагирање при вакви и слични ситуации.