Општина Карпош денеска ја започна завршната фаза од реконструкција на коловозот на ул. Варшавска (од ул. Париска до ул. Лондонска), во населбата Тафталиџе 1. За оваа намена, локалната самоуправа ја ангажираше фирмата „БИТЕМ“ која поставува нов асфалт на коловозот во вкупна должина од 720 метри, широчина од 9, 5 метри, а исто така изврши делумна промена на рабниците во должина од 300 метри.

 

Проценетата вредност на овој инфраструктурен проект изнесува 6.353.000 денари со пресметан ДДВ. Оттука, дел од финансиските средствата се искористени од под-заемот склучен меѓу локалната самоуправа и Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, во висина од 4.284.632 денари, додека пак Општина Карпош го кофинансира проектот  со сопствени средства, во вкупен износ од 2.068.369 денари.