ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ Share
- мај 30, 2019
- 0
Откако во текот на вчерашниот ден беше донесена одлука за финансирање на летен одмор на учениците кои се во потешка материјална состојба, Општина Карпош денеска продолжи со хуманитарна акција.
Се доделија собраните прехранбени продукти и хигиенски средства на социјално ранливите категории на граѓани, во рамки на акцијата „Подај рака – донирај за твојот сосед“.
Во изминатиов период голем број на граѓани донираа продукти во просториите на урбаните заедници, а кон акцијата се приклучи и општинската администрација.
Во просториите на УЗ Карпош 2 и УЗ Владо Тасевски, градоначалникот Стефан Богоев се сретна со дел од граѓаните кои се во потешка материјална состојба и на кои им се доделија овие социјални пакети.
– Целта на овие акции е да ја поттикнеме хуманоста и емпатијата во локалната заедница. Не може трајно, веднаш да се излезе од прагот на сиромаштија, но можеме барем за момент да направиме некого посреќен и да покажеме внимание. На мое големо задоволство, токму Министерството за труд и социјална политика преку новата социјална реформа на вистински начин работи на намалување на сиромаштијата. Социјалната помош порасна за 300 отсто, но најважно е што се гради систем.
Акциите и социјалните трансфери претставуваат поддршка, но трајно ќе го надминеме проблемот само со ангажирање на посирошамните, на невранотените на пазарот на трудот, преку нивно усовршување, доедукација и сл., рече Богоев.
Локалната самоуправа и во претстојниот период ќе продолжи да работи на унапредување на социјалната и детска заштита на локално ниво, преку организирање на хуманитарни активности, еднократна помош, јакнење на капацитетите на невработените граѓани, со цел да бидат конкурентни и да можат да најдат работа.