Основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“

   
Училиште: Христијан Тодоровски Карпош
Урбана заедница: Карпош 1
Адреса: ул „Орце Николов“ бр.161
Телефон: 02/30 65 337
E-mail: htkarpos@gmail.com
Веб страна: http://oouhtkarpos.edu.mk/
Директор:  Мирјана Алексова (075/ 294 – 999) m.aleksova@yahoo.com
Кратка биографија: ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ е изградено во далечната 1955 година. Училишната зграда е лоцирана на ул „Орце Николов“ бр.161 и претставува современ градешен објект од цврста градба која наполно одговара на својата намена. Функцијата како современ објект ја надополнуваат спортските терени и пошироките зелени површини.

Реонот на Општинското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“, Скопје, ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 1 што се простира на исток до ул „Франклих Рузвелт“, на југ бул „Партизански Одреди“, на запад до ул „Никола Тесла“ и на север до бул „Илинден“.

Училиштето располага со 5230 м2 училишен простор и 16141 м2 училишен двор. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик со вкупно 387 ученици распоредени во 18 паралелки за која се ангажирани 44 вработени. Наставата се изведува во една смена. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици. ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ е збратимено со ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид и ОУ „Стоја“ – Пула (Р.Хрватска) и со ООУ„Јосип Броз Тито„ с.Жировница 

Патронен празник: 07 Февруари
Facebook