Со  изведба на песната „ Пошла мома на вода“, под менторство на Елизабета Сакоман Станоевска, основците од ООУ „ Владо Тасевски“ го освоија првото место на училишниот хорски натпревар.

             Во холот на ООУ „ Димо Хаџи Димов“, пред присутните гости, наставници и директори,  се претставија хористи од десетте основни училишта на  територијата на Општина Карпош. Второто место го освоија учениците од „ Лазо Трповски“ кои ја изведоа песната „ Назад, назад Калино моме“, под менсторство на Мира Костовска, додека третопласирани се  учениците од „ Вера Циривири Трена“, со песната „ Africa“, под менторство на Александар Панајотов.

 

Дипломите на  победниците-ментори на овогодинешниот хорски натпревар им ги додели помошник раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош Гордана Стојчевска – Зафировска.