ФОРМИРАЊЕ НА ЗДРАВИ ЖИВОТНИ ЗАЕДНИЦИ
- септември 19, 2024
- 0
Под мотото „Имунизација за здрави заедници“, жените лидерки од Општина Карпош го одржаа вториот по ред Форум на заедницата во просториите на Факултетот за туризам и менаџмент.
Проектот се спроведува во патнерство со Регионалната канцеларија на СЗО и со поддршка од Американската агенција за развој УСАИД. По завршувањето на обуката на жените лидерки од општина Карпош, денеска се вклучи и пошироката јавност во локалната самоуправа.
Во рамки на Форумот, свое обраќање имаше д-р. Специјалист по општа медицина, Соња Ралева, ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје, Диспанзер за имунизација и превенција.
Таа ги запозна присутните претставници од основните училишта, предучилишни установи заинтересирани родители и граѓани од Општина Карпош со главните карактеристики и симптоми на зараза со ХПВ и морбили, кои се последиците од избегнување на редовната имунизација, како и митовите поврзани со неа.
Низ јавна дебата се потенцираше потребата од континуирана едукација на населението, отвореноста и поддршката на Општина Карпош и како најважно, апелот до граѓаните редовно да ги вакцинираат децата и учениците со цел да изградиме здрава средина и здраво општество.
Ниските стапки на вакцинација од ХПВ се причина за пораст на бројот на заболени девојки и жени од канцер на грло на матката, додека морбилите се опасни по живот за невакцинираните деца.