ФИНИШИРА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШТЕТО ВО ГОРНО НЕРЕЗИ
- август 25, 2017
- 0
Училиштето , датира од 1937 година, и да бидам искрен, нас како локална самоуправа, од финансиски аспект повеќе ни одговараше да обезбедиме транспорт за седумте ученичиња до училиштето „ Братство“ во населбата Тафталиџе 2.
Но во консултација со месното население, сепак одлучивме да не го рушиме објектот и да изградиме комплетно нов, туку да го реновираме зачувувајќи го автентичниот изглед,бидејќи мештаните се емоционално врзани за него, градејќи го со сопствени напори во далечната 1937 година. Вкупно седум Албанчиња ќе следат настава почнувајќи од оваа учебна година, појасни Јакимовски.
Првиот човек на Општината, категорично истакна дека обврската за реконструкција, реновирање и изградба на училишта е на Министерството за образование и наука, но Општината Карпош со свои финансики средства го реконструирала ова училиште, како и сите училишта претходно кои се наоѓаат на територијата на самата локална самоуправа.
– Во Општина Карпош постојат десет основни училишта. И покрај тоа што надлежното министерство треба да биде одговорно за одржување на истите, ние во изминатите години извршивме целосна реконструкција, реновирање и подобрување на амбиенталниот простор во сите училишта. За оваа намена сме одвоиле околу 7 милиони евра, пари од буџетот на локалната самоуправа.
Општинскиот татко Стевчо Јакимовски потенцираше дека инвестицијата за реконструирањето на училиштето во Горно Нерези ќе чини околу 90.000 евра, а изведувач на градежните работи е фирмата „ Мастаф“.
Јакимовски нагласи дека со мало задоцнување од дваесетти септември се очекува да започне наставата за учениците , бидејќи со законските уредби со кои се предвидува да запрат сите тендерски постапки додека трае изборниот процес, и додека не се формира Влада, Општината не била во можност да распише тендер за овој проект.
– Не е наша вината за одложувањето на градежните работи околу реконструкцијата на објекот, и веќе околу втората половина на септември очекувам учениците да ја продолжат наставата тука во целосно реновираниот нов објект, појасни градоначалникот.