Општина Карпош ги завршува последните активности во реконструкцијата на спортското игралиште на кое ќе се одигра Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – СОКОЛ“, во Карпош 1.

Завршува реконструкцијата на трибините, соблекувалните, головите и другите елементи од игралиштето, сé со цел, седумнаесетото издание на турнирот да помине во најдобри услови.

 

Турнирот „СОКОЛ“ се ресетира по неколкугодишна пауза и истиот ќе започне на 1 септември (недела), во 20:00 часот, на игралиштето во училиштето „Христијан Тодоровски – Карпош“.

Генерален покровител на турнирот е Општина Карпош, а обновувањето на овој значаен спортски настан беше и меѓу изборните ветувања на градоначалникот Стефан Богоев.

 

„СОКОЛ“ е препознатлив спортски бренд, не само за Карпош, туку и за Градот Скопје. Турнирот поврзува различни генерации и е синоним на маалскиот живот и фер плејот.

 

Ги повикуваме сите граѓани и целокупната спортска јавност да бидат дел од овој спортски настан.