Од пристигнатите барања за субвенционирање на млади лица од Карпош за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола, кои денеска (петок 01.07.2022) ги разгледуваше Комисијата за доделување на субвенции при локалната самоуправа, утврдено е дека уште четворица нови кандидати ги исполнуваат критериумите за добивање на финансиска поддршка за оваа намена. Според ажурираните податоци, досега 99 кандидати  ги исполнуваат критериумите кои се пропишани во Јавниот повик кој го распиша Општина Карпош.

                                                                                                    

Во таа насока ја објавуваме листата на новите кандидати за кои денеска (петок 01.07.2022) беше утврдено дека ги исполнуваат условите за добивање субвенции  за млади лица од Карпош, кои ќе можат да  посетуваат обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола (Б категорија):

 

 

Р.Б Име и презиме:

 

Број на пријава:
1 Срна Керметчиева 11-5502/1
2 Максим Богдановски 11-5491/1
3 Митко Делиуланов 11-5518/1
4 Лука Доневски 11-5539/1

 

 

Оттука, кандидатите кои се наведени во оваа листа, можат да изберат една автошкола (од посочените во Јавниот повик), со што преминуваат во втората фаза од постапката. Во оваа пригода ги информираме граѓаните дека листата на кандидати кои ги исполнуваат критериумите за добивање на субвенцииќе биде редовно ажурирана сé додека не се исцрпат средствата за оваа намена.