Целосно заврши реконструкцијата на кракот од улица „18“ во Бардовци. Станува збор за пристапна улица за повеќе домаќинства кои живеат во близина на фудбалското игралиште во ова населено место.

Реконструираниот крак е во должина од 65 метри и 3,5 метри широчина.

 

Претходно, локалната самоуправа го обнови и кракот од улица „4“, а продолжува со инфраструктурни активности при реконструкцијата и на крак од улица „19“.

 

Во Бардовци веќе се санираа две од дванаесетте локални улици коипретходно беа испланирани за реконструкција.

 

Општината продолжува инфраструктурно да го зајакнува и овој дел од Карпош.