УШТЕ ЕДНА ГОРДОСТ ЗА КАРПОШ – ТРИ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ЗА КАТЈА БИЛБИЛОВСКА
- октомври 10, 2026
- 0
Општина Карпош со особено задоволство ги проследува и слави успесите на младите карпошани, кои со својот талент, труд и посветеност постигнуваат одлични резултати.
Катја Билбиловска, ученичка во V-б одделение во ООУ „Димо Хаџи Димов“, освои три златни медали на меѓународен натпревар во пливање во Србија.
Катја беше најуспешна во дисциплините 50, 100 и 200 метри слободен стил, освојувајќи ги првите места во својата категорија.
Дополнително, во својата категорија, Катја го освои и првото место во Македонија на 50 метри слободен стил.









