Учествувај во креирање на Буџетот на Општина Карпош за 2020 година

Почитувани граѓани,

Општина Карпош го подготвува Буџетот за 2020 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме да го пополните овој анкетен прашалник. —->  http://bit.ly/2DrHc6X 

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Одговорите ќе бидат разгледани од соодветните сектори. А, сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на нашите можности ќе видат интегрирани во нашите буџетски програми.

Ви благодариме на соработката.

Facebook
Големина на фонт