Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, учествуваа на конференцијата на тема „Социјалните услуги во РСМ – досегашни придобивки, развој и можности за унапредување“, која се одржа вчера во Клубот на пратеници.

Конференцијата, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, беше можност за споделување искуства, презентирање на досегашните резултати и размена на добри практики меѓу домашни и странски институции, како и директните корисници на социјалните услуги.
 
Заедничката цел е градење стабилен и инклузивен систем на социјална заштита, во кој никој нема да биде оставен сам, туку секој ќе има соодветна поддршка за надминување на предизвиците и остварување на правото на достоинствен живот.
Заедно кон општество на еднакви можности, поддршка и достоинство!