Во периодот од 03.05 до 07.05 се реализираше ученичката размена во рамки на неколкугодишното збратимување помеѓу ООУ ,,Владо Тасевски” партнерското училиште Duisburg-Schule Mitte. Оваа успешна соработка, која веќе трета година континуирано се реализира, претставува значаен чекор во градењето на пријателски и образовни врски помеѓу учениците и наставниците од двете училишта.

Целта на проектот е поттикнување на меѓукултурната соработка, развојот на комуникациските и јазичните вештини, како и создавање нови пријателства и позитивни искуства кај учениците. Во текот на размената беа реализирани повеќе едукативни, креативни и социјални активности преку кои учениците имаа можност подобро да се запознаат со културата, традициите и секојдневието на своите врсници.
Одговорни наставници за реализацијата на проектот се наставниците:
Санда Пулевска Гочев
Весна Киприновска Николовска
Сандра Станоески и Бојана Божинова Манасијева и истите заедно со учениците активно учествуваа во организацијата и спроведувањето на проектот.