Во конкуренција меѓу 33. 632 учесници од 166 земји од светот, основката Стефани Исајловска од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје, се пласираше во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија. Ова елитно натпреварување се одржува секоја година и е во организација на УНЕСКО и јапонската фондацијата ГОИ. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија – Хагиуда Коиши.

 

Деветтоодделенката Исајловска на овој реномиран натпревар учествуваше под менторство на предметниот наставник по германски јазик Стефан Симовски, со своја прозна лична творба напишана на англиски јазик во форма на есеј на зададената тема од организаторот „Моето писмо од 2030 година“. Личната творба требаше да содржи најмногу 800 збора и мораше да биде напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик). ООУ „Лазо Трповски“ на овој литературен натпревар со светско реноме учествува по шести пат и досега има освоено две награди.

 

Повеќе информации во врска со натпреварот и наградените млади автори може да најдете на веб-страната на организаторите https://www.goipeace.or.jp/en/work/essay-contest/

 

Финалистите од целиот свет како и нивните ментори независно од конечниот пласман согласно одлуката на жирито добиваат соодветни признанија.