УЧЕНИЦИ ОД „ НОВА“ СЕ ЗАПОЗНАА СО ПРЕДНОСТИТЕ НА „ СОЛАРНОТО ДРВО“
- септември 24, 2019
- 0
Вчера, раководителот на Одделението за енергетска ефикасност при Општина Карпош Љупчо Димов,м им одржа предавање за „ зелена енергија“ на средношколците од „ НОВА“. Презентирајќи им ги бенефитите од „ соларното дрво“, кое неодамна беше поставено на кејот на реката Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, раководителот Димов, нагласи дека ова „ дрво“ всушност работи исклучиво и целосно на обновлива сончева енергија. Учениците беа запознати со начинот на кој е направена конструкцијата, односно им беше нагласено дека соларниот постамент има моќност од два киловати. На „ соларното дрво“ , може да се полнат електронски уреди како: мобилни телефони, лаптопи, електрични тротинети и др.
Оваа инвестиција, која е прва во нашата држава, е добиена од проект финансисран од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ. Освен „ соларното дрво“, преку овој проект, Општина Карпош доби и шест електрични тротинети, кои ќе бидат употребувани од општинската администрација за тековни потреби како ефикасни средства за пократки релации.