УЧЕНИЦИТЕ ОД QSI INTERNATIONAL OF SKOPJE ВО АКЦИЈА ЗА ЗАЕДНИЦАТА
- мај 27, 2026
- 0
Учениците од QSI INTERNATIONAL OF SKOPJE успешно ја реализираа иницијативата „Ученици во служба на заедницата“ во рамки на програмата „Недела на учење надвор од училница“, со цел поттикнување на волонтерството, хуманоста и активното учество на младите во локалната заедница.
Во соработка со Општина Карпош, учениците учествуваа во повеќе активности за разубавување и уредување на просторот во градинките „Мајски цвет“ и „Пролет“ – објект „Сончогледи“, како и во ООУ „Лазо Трповски“ каде учениците садеа нискожбунести растенија, фарбаа реквизити и огради.
Иницијативата за ваква акција е предлог на Ученичкиот совет на училиштето, како пример за ученичко лидество, одговорност и грижа за зедницата. Преку практична и тимска соработка, учениците од QSI INTERNATIONAL OF SKOPJE, дечињата од градинките и основци од „Лазо Трповски“, покажаа дека младите можат активно да придонесуваат кон позитивни промени во општеството.
Во акцијата учествуваше и претседателот на Совет, Христо Саракинов, давајќи свој придонес и пример за поддршка на ученичкиот активизам, соработката и заедничката грижа за општината.
Со оваа активност, QSI INTERNATIONAL OF SKOPJE и Општина Карпош уште еднаш ја потврдија важноста на соработката меѓу образовните институции и локалната самоуправа во создавање подобра и похумана средина за сите.









