Од утре, 10. јули до 13. јули, граѓаните на Карпош и Скопје ќе имаат можност да гледаат четири современи европски филмови.

Кинотека на Северна Македонија започнува со летната кино програма на отворено, во дворот на оваа културна установа.

 

Програмата започнува со проекција на македонскиот филм – добитник на престижната награда LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – “Господ Постои, Името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска.

 

Првиот викенд ќе го одбележи Европскиот филмски предизвик (European Film Challenge), што претставува иновативна дигитална платформа, која ја промовира европската кинематографија.

 

Секој од посетителите на овој настан, може да биде дел од предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/   каде на својот профил можат да ги забележат гледаните филмови, но и да споделат моменти (фотографија, видео) на социјалните мрежи користејќи го хаштагот #EuropeanFilmChallenge.

 

Општина Карпош е еден од коорганизаторите на оваа летна кино програма, со што помогна во промоција на настанот и логистиката.

 

Сите посетители ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид – 19:

 

  • Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот;
  • Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот;
  • Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата;
  • Пушењето за време на проекција е непожелно;
  • Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни).

 

 

 

Ги повикуваме сите граѓани, да водат сметка за правилно одлагање на отпадот за време на овој настан.

 

Исто така, ги информираме жителите од околните згради, дека за време на кино – проекциите ќе биде изгаснато уличното осветлување на дел од улицата „Никола Русински“, со цел подобра реализација на летната кино програма.

 

Целата програма на проекции на филмови и повеќе информации можат да се добијат на официјалниот Facebook настан: https://bit.ly/31VPrFT