Улицата „Рампо Левката” подготвена за асфалтирање
- октомври 25, 2016
- 0
Вчера, понеделник (24.10.2016) започна првата, подготвителна фаза пред асфалтирање на улицата „Рампо Левката”.
Претходно, на оваа улица беше поставена нова атмосферска канализација со дополнителни сливници, според современите градежни стандарди. Се очекува, последната фаза со асфалтирање да започне кон крајот на оваа работна недела.