Турнир во одбојка и фудбал на песок

ПЕСОЧНО ОДБОЈКАРСКО „ЗЛАТО“ ЗА ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“

На вториот по ред турнир во „Одбојка на песок“, се одиграа последните натпревари за оваа година, во топла и подеднакво напната атмосфера. По вчерашните елиминациони натпревари, денеска беше одиграно полуфиналето и финалето помеѓу најдобрите ученици-одбојкарки на територија на Општина Карпош. Златото оваа година “падна“ во рацете на „ултра“ талентираните одбојкарки од ООУ „Лазо Трповски“, а второто место го зазедоа одбојкарките од ООУ “Петар Поп Арсов“, кои до последен здив се бореа за првото место. Третото место го освоија ученичките од ООУ „Димо Хаџи Димов“ кои задоволно го прифатија ова место на листата, со надеж догодина дека тие ќе бидат на одбојкарскиот пиедестал. Турнирот „Одбојка на песок“, кој е во организација на Одделението за спорт и култура при Општина Карпош, помина во одлична спортска манифестација кој се стреми да стане традиционален. Вработениот од Одделението за спорт и култура, Миле Мирчевски детално образложи за турнирот. -Оваа година повторно се одигра финалниот натпревар помеѓу екипите на ООУ „ Петар Поп Арсов “ и ООУ „ Лазо Трповски “, но овој пат победници беа одбојкарките од ООУ „Лазо Трповски“. Турнирот траеше два дена, со натпревари од вчерашните квалификации и денешните полуфанални и финални натпревари. Но, тука не застанува овој турнир. Секоја година ќе продолжиме да го организираме бидејќи на тој начин ги поттикнуваме младите да се занимаваат со спортот и да се стремат за уште повисоки резултати и успеси. На крајот од турнирот, претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски на победниците им го врачи пехарот, кој ќе ги краси полиците во ООУ „Лазо Трповски“. -Општина Карпош уште еднаш покажа дека е лидер во практикување на училишни спортови, а учениците посветуваат огромен интерес за сите настани кои ние ги организираме. Големо задоволство за сите нас кои сме вклучени со активности како Советот, градоначалникот и Општината, претставува тоа што младите се повеќе се приклучуваат и во училишните спортови и во спортските клубови.

Финале 15.09.2015

Слики на следниов линк:

https://picasaweb.google.com/112376818986983168533/September15201502?authuser=0&feat=directlink

ООУ „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ ПОБЕДНИЦИ НА ТУРНИРОТ „ФУДБАЛ НА ПЕСОК“

Одделението за спорт и култура при Општина Карпош успешно го организираше турнирот „Фудбал на песок“ кој се востанови за прв пат оваа година. По вчерашните елиминациони натпревари помеѓу учениците-спортисти од десетте основни училишта од Општина Карпош и основното приватно училиште “Јахја Кемал“, фудбалерите од ООУ „Димо Хаџи Димов“ во финалето успеаја да ги совладаат своите противници, учениците од ООУ „Аврам Писевски“ и да завршат на првото место. Второпласираните ученици од ООУ „Аврам Писевски“ не „потклекнаа“ со духот и најавија дека догодина ќе се обидат тие да бидат на победничкиот пиедестал. Во рамките на турнирот, третото место го освои училишниот тим од ООУ „Лазо Трповски“, кои неуморно играа до последниот здив на спортските терени на кејот од реката Вардар, Градска плажа. Победничкиот пехар на основците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ им го врачи претседателот на Советот на Општина Карпош, Сашо Лазаревски и им посака уште многу други успешни фудбалски натпревари. -Целата реализација на турнирот помина одлично. Би сакал да се пофалам, ние сме прва Општина која организира ваков турнир „Фубал на песок“ помеѓу основни училишта на територија на Карпош. Успешно го завршивме турнирот и планираме секоја година ова да го повторуваме и се разбира истиот да прерасне во традицонален.

18.09.2015

Фотографии од следниов линк

https://picasaweb.google.com/112376818986983168533/ySQSXC?authuser=0&feat=directlink