ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ПОДДРШКА
- април 21, 2026
- 0
Денеска, во организација на ОБСЕ се одржа тркалезна маса на тема „Негување на дигалогот меѓу полицијата, општините и ромската заедница во Скопје“. Покрај претставниците од одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, учество на денешниот настан земаа и претставници од другите скопски општини, Министерството за внатрешни работи, Центарот за социјална работа како и другите надлежни министерства и институции.
Во фокус на оваа тркалезна маса беа неколку клучни прашања кои ја засегаат ромската популација, а особени младите лица. Целта на состанокот беше размена на искуства, досегашни реализирани проекти за поддршка на младите, со акцент на врсничкото насилство, малолетничките бракови и други суштински прашања, како и изнаоѓање на адекватни и применливи решенија преку активирање на институционалните механизми и вмрежување на надлежните органи за нивно решавање.









