Комуналните служби на Општина Карпош ја започнаа третата акција за дезинфекција на зградите со повеќе од осум домаќинства.

Се дезинфицираат влезните врати и делови од згради на влезовите, гелендерот, сандачињата и лифтовите.

Дезинфекцијата се врши со посебно средство наменето за чистење на јавни површини.

 

Не е возможно хигиеничарите да бидат забележани од сите граѓани, но акцијата се спроведува етапно во сите населби.

 

Ги повикуваме заедниците на сопственици, куќни совети, да продолжат и со секојдневното, тековно одржување на хигиена во влезот. Дезинфекцијата која се врши преку локалната самоуправа е само дополнителна поддршка за спречување на ширење на коронавирусот.

 

Сите сме одговорни за јавното здравје.