ТОДОРОВ И КРСТАНОСКА ПРВАЦИ ВО ПИНГ-ПОНГ
- октомври 27, 2016
- 0
По повод Деновите на Општина Карпош, денеска, во фискултурната сала во ООУ „Владо Тасевски“, се одржаа финалните натпревари во пинг-понг за основци, во машка и женска конкуренција.
Кај момчињата, првак во пинг – понг е ученикот Војдан Тодоров од ООУ „Владо Тасевски“ , второто место му припадна на неговиот соученик Стефан Христовски, а Едвин Омерагиќ од ООУ „Вера Циривири Трена“ ја освои бронзата.
Кај девојчињата, Матеа Крстаноска од ООУ „Лазо Трповски“ беше несовладлива на пинг-понг масата и нејзината добра игра и го донесе првото место на овогодинешниот турнир. Оваа година, среброто отиде во витрините на ООУ „Јан Амос Коменски“,
а најзаслужна за оваа награда е Калина Филевска. Третото место и припадна на Симона Тасевска од ООУ „Владо Тасевски“.
Општина Карпош е локална самоуправа која е позната по континуираното инвестирањето во развојот на спортот и спортските дисциплини, особено кај помладата популација. Токму затоа, учениците од оваа општина се меѓу врвно пласираните индивидуални и колективни натпреварувачи, како на градско, така и на државно ниво.