Општина Карпош деновиве спроведува генерална акција за чистење, уредување и ревитализација на  плоштадот „Делфина“ во населбата Влае. 

Во рамките на активноста се врши:

  • Косење на тревата и уредување на зелените површини
  • Кастрење на дрвјата и нискостеблестите растенија
  • Целосно чистење на фонтаната
  • Миење и дезинфекција на клупите
  • Комплетно чистење на плоштадот.

Со оваа акција, плоштадот „Делфина“ добива поуреден, почист и побезбеден изглед  за сите граѓани кои го користат за одмор, рекреација и дружење.

Општина Карпош и во наредниот период продолжува со интензивни активности за одржување на јавната хигиена, зеленилото и урбаната опрема на јавните површини, детските игралишта и останатите плоштадите низ цела општина.

 

Апелираме до сите граѓани да ја одржуваат хигиената  и совесно и одговорно да ја користат урбаната опрема, со цел заеднички да ги зачуваме јавните простори чисти, уредени и функционални за сите генерации.